Европа ја исцеди Хрватска – Во долгови е до гуша, ја викаат нова Грција


Најмладата членка на Европската унија, Хрватска покрај Грција, е најголем повод за загриженост во Унијата, оценува виенски Кронер цајтунг.hrvatska eu1

Весникот наведува дека Хрватска е задолжена околу 90 отсто од БДП и оти во таа држава бирократијата и судството го прават животот на фирмите и инвеститорите многу тежок.

Кронер цајтунг вели дека стапката на невработеност е 20 отсто, Хрватска има најниска стапка на апсолвенти на факултети во Европа и веќе шеста година е во рецесија, што во ЕУ и „успеа“ само на Грција.

Загриженоста на ЕК е оправдана, оценува весникот и додава дека се неопходни реформи, но кои не може да се очекуваат од актуелната влада поради парламентарните избори што треба да се одржат најдоцна во јануари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1