Кумановец праќал СМС-пораки изнудувајќи пари за војската на „Илирида“


Кумановец доби кривична пријава за изнуда, оти во текот на минататата година се заканувал на жител на кумановското село Липково, барајќи му 3.000 евра како помош.sms

СВР Куманово вели дека станува збор за 47-годишниот А.З., кој во 2014 година во повеќе наврати од мобилен телефон се јавувал или праќал пораки до М.М. од Липково, заканувајќи му се. Барал „помош“ во износ од 3.000 евра, а се претставувал како припадник на паравоена формација „Илирида“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1