„Ало докторе” му го спаси животот на 40-годишен човек каснат од змија


“Ало докторе” го спасил животот на 40 годишен жител од Источна Македонија кој бил каснат од змија.  Убодот од влекачот го добил викендот кога со другарите бил на планинарење на Плачковица.  Бидејќи биле оддалечени од  Радовиш а на Брза Помош и треба време да стигне на планината, единствен спас им бил телефонот. Еден од другарите се јавил на 15123 и дежурниот лекар во кол центарот им кажал  што да направат додека стигнат до најблиската здравствена установа. Советите биле успешни.zmija mtv1

-Значи се покажа дека граѓаните ја користат Ало докторе, особено кога се во поодалечени места. За конкретниот случај лекарот им кажал да го преврзат местотот над убодот кој бил во потколеницата за да се спречи евентуалното ширење на отровот доколку каснувањето било од отровна змија, вели Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје

За еден месец на Клиниката за Инфентивни болести хоспитално биле лекувани осуммина каснати од змија. Еден од нив бил и на апарати поради влошената здравствена состојба. Сите со убоди од змии мора да добијат серум во првите 24 часа. Здравствените власти уверуваат дека го има во доволни количини во сите јавни здравствени установи.

-Серум или противотров имаме во осумте дежурни служби и во централата на Брза Помош. за среќа, овој период немало барања за негова употреба. Инаку секако дека треба да го примат сите кои биле каснати од змија, вели др. Баевска

Во случај на каснување од змија, најдобро е веднаш да се отиде до најблиската здравствена установа каде имаат противотров. Но не кај матичен лекар бидејќи тие не чуваат од серумот. Додека стигнат до установата, совет од инфектолозите е да не се масира местото на убод, да не се засекува со нож ниту пак да се користат надрилекарства.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1