Припадници на полицијата во Ниш успејаа да најдат закопано злато кое крадците го украле одзлатара во јануари оваа година. Вредноста на накитот е 16,5 милиони динари и во тек е враќање на накито на сопственикот односно на златарата „Целје“.
Пронајдени биле сите 438 парчиња златен накит меѓу кои и 107 прстени, 80 привезоци, 51 нараквица, 65 ланчиња, 98 пара обетки, пет брошеви и две игли за вратоврски.
Крадците грабежот го извршиле филмски и тоа сред бел ден во центарот на Ниш. За време на ноќта се качиле на кровот на златарата и чекале да дојде утро за да дојде вработената и да го деактивира алармот. Потоа од дупката на кровот влегле во златарата, со пиштол и се заканиле на вработената која ја заклучиле во тоалет и го одзеле цел накит. Сепак полицијата ги фатила и во моментов се наоѓаат во затворот во Ниш. За да излезат побрзо со јавниот обвинител направиле договор за да ја признаат вината и да кажат каде го сокриле златото.
Разбојниците од порано и се познати на полицијата, а во Ниш се познати како „спајдермени“ бидејќи пред 4 години бегале од полиција скокајќи од крововите на зградите.