Американскиот државјанин со чеченско потекло Џохар Царанев кој помогнал во активирањето на бомбата пред целта на Бостонскиот маратон во април 2013 година кога загинаа три лица, а 264 беа повредени од кои 17 останаа трајни инвалиди, кого судот го осуди на смртна казна, во средата им се извини на жртвите.
„Би сакал да им се извинам на жртвите, повредените. Жалам за животите коишто ги одземав, поради патењата, штетите што ги предизвикав“, изјави сега 21-годишниот Џохар Царнаев, и додадел дека се надева на Божјата милост за себе, брат му и семејството
Ова беше првпат Царанев да проговори во судница, по приведувањето по атентатите од во април 2013 година. Потоа судијата Џорџ О’тул формално го осуди на смртна пресуда. Го осуди и на доживотен затвор за другите обвиненија. Ова е првиот ваков случај во сојузната држава Масачусетс од 2004 година, во која смртната казна не е изречена на ниво на државните судови од 1984 година.
Сојузната порота, по петнаесетчасовно заседавање на 16-ти мај годинава, составена од 12 поротници, од кои седум жени и пет мажи, го осуди на смртна казна Џохар Царнаев по шест од 17-те можни смртни пресуди. Претходно на почетокот од април истата порота по однос на 30-те точки од обвинението против Царанев за организирање терористичкиот напад, а 17 од нив претпоставуваа можност од смртна казна. Одлуките во полза на највисоките казни може да бидат донесени само едногласно.
Атентатите во Бостон, изведени во текот на Бостонскиот маратон на 15-ти април 2013 година со две импровизирани експлозивни направи сокриени во ранци во канти за смет на целната рамнина, коишто ги извеле Џохар и неговиот постар брат Тамерлан Царнаев, убиен во престрелка со полицијата по четири дена, се најкрвавиот напад во САД од радикални исламистички позиции од нападите на Ал Каеда од 11-ти септември 2001 година.
Џохар Царнаев е Чечен и заедно со семејството како бегалец се доселил во САД во 2002 година, а американско државјанство заедно со постариот брат Тамерлан добиле 2012 година. Според сознанијата на истрагата, браќата последните неколку години пред нападот станале верски активни и се радикализирале.