СЕ РОДИ БЕБЕ СТАРЕЦ: Мајката одбила да ја дои (ВИДЕО)


Едно девојче кое се роди во Индија пред околу еден месец ја напуштиле родителите, затоа што имала ретка болест на кожата и изгледала како старец.Screenshot_113

Бебето се родило во градот Махарастра во западниот дел на Индија. Нејзината мајка, Мама Дод (25), рекла дека одбила да го дои бебето поради нејзиниот изглед. Исто така и нејзиниот татко Аџај Дод (25)одбил да ја преземе одговорноста за ќеркичката.

За среќа, одговорноста за девојчето, кое е родено во седмиот месец, ја презеде нејзиниот дедо Дилип Дод. Тој ја хранел со козјо млеко и се грижел за нејзе. Сепак, поради состојбата во која се наоѓа детето, морало да биде префрлено во болница.bebe

-Повеќе од катастрофа е тоа што нејзините родители ја отфрлија. Сепак јас ќе направам се за да ја спасам и да и овозможам нормален живот, рекол дедото.

Тој девојчето, кое сеуште не добило име го однел во болница во Мумбај. Исто така се заблагодарил на медицинската установа, затоа што докторите грижата за девојчето за презеле целосно бесплатно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1