Григори Мамурин, припадник на „златната руска младина“, е внук на рускиот милијардер Игор Некљудов и веќе на 16 години успеал во тоа цела Русија да го замрази. Тој посакал да стане ѕвезда на Јутјуб, па почнал да прави видеоснимки во кои на минувачи на улица им нуди големи суми само за да се понижат пред камера.
Откако снимката се рашири на интернет и предизвика лавина негативни коментари, дедото на Григори признал дека не е задоволен од начинот на кој неговиот внук и нековата мајка ги трошат парите.
Во снимката, тој им нудел на мажите да ја испијат својата сопствена урина за 200 евра, а на девојките им ветил 250 евра ако се соблечат среде улица. Во снимката двајца луѓе направиле една од тие две работи.
Григори во една прилика не поминал најдобро – еден Русин кој го разбеснил, му удрил шлаканица. А во една прилика на бездомници им дал да пробаат кавијар, само за да се забавува со нивната реакција.
Без оглед на негативните коментари, тој најавил и нова видеоснимка во која на луѓето ќе им даде 10.000 рубљи (164 евра) ако му го излижат ѓонот од чизмите.
Тој реагирал и на критиките, велејќи дека не му е јасно зошто луѓето се згрозуваат „кога такви работи можат да се видат секој ден на „Ем-ти-ви”.
– Не ги критикувам луѓето кои се согласуваат да го направат она што ќе им го кажам. Мислам дека секој од нив има некој проблем поради кој се согласува да го направи тоа за пари – изјавил Григори кој објаснил дека мисли дека тој никогаш не бил во таква ситуација.