Британецот Дејвид Тестер (43) ја држел својата едногодишна ќерка во раце во тоалетот и и ги миел забите кога доживеал инфаркт.
Девојчето му испаднало од раце а потоа таткото паднал преку неа и останал неподвижно да лежи. Девојчето не можело да се извлече од под телото на таткото и набрзо се угушило, покажала истрагата.
Безживотните тела на таткото и девојчето ги пронашла мајката откако се вратила од работа и веднаш повикала Брза помош, која за жал можела само да констатира смрт.