Дали со биометриските возачки ви треба и меѓународна дозвола? Важи само во 4 земји


Меѓународната возачка дозвола задолжителна за сите кои со возило сакаат да ја напуштат Македонија. И покрај двојазичноста на новите национални биометриски возачки дозволи сепак и понатаму за управување со возило надвор од земјава ќе ви биде потребна и меѓународна дозвола. Иако бројни примери во соседството го говорат спротивното, сепак возачите не треба да бидат изненадени доколку вон границите на Македонија бидат санкционирани за непоседување меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.VOZACKA

Со македонската биометриска возачка дозвола, без да се вади меѓународна, можете без проблем да патувате во четири држави и тоа во Албанија, Шпанија, Италија и Словенија. Меѓутоа, меѓународната возачка дозвола е задолжителна за сите кои со возило сакаат да патуваат во останатите земји.Иако кон крајот на 90-тите Македонија потпишала билатерални договори со Италија, Шпанија и Франција за управување со моторно возило само со поседување на национална возачка дозвола, сепат тие договори до ден денешен останале нератификувани од нивна страна.

За издавање на меѓународна возачка дозвола потребно е да носите 2 фотографии (45мм х 35 мм) и документ за идентификација (лична карта или пасош) 950 денари.

Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.

Во интерес на граѓаните, освен централата во Скопје, преминот Богородица е второто место каде АМСМ ги издава сите потребни документи за излез со возило од земјава.

Тоа се меѓународната возачка дозвола, одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од земјата, зелениот картон и патничкото осигурување.

Во интерес на граѓаните, освен централата во Скопје преминот Богородица е второто место каде АМСМ ги издава сите потреби документи за излез со возило од земјава. Тоа се меѓународната возачка дозвола, одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од земјата, зелениот картон и патничкото осигурување.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1