Бурлески: Хрват му напиша отворено писмо на Фифти Сент!


Една од главните вести од светскиот шоубизнис е дека Фифти Сент банкротирал. Оваа информација толку многу го “вознемирила“  Јадранко Ходак од Хрватска што решил да му упати отворено писмо на раперот.fifi.jpg500

Статусот кој е споделен на Фејсбук во кус период собра голем број на лајкови, а еве за што станува збор, прочитајте и самите:

Мил мој пријателе, 50  Cent. Читам денес, пишуваат дека си банкротирал. Тоа многу ме вознемири. Беше и во дневникот, веднаш по прилогот за БиХ. Не знам што да речам…еве солза по солза ми се тркалаат, а јас ги бришам со јазикот, не давам да капнат од образите. И се јавив на мајка ми во Лика, да и кажам за тебе. Веднаш по гласот ме позна дека не нешто не е во ред…ме праша “Синко…што се случило!?“…јас и кажав да седне… а тогаш..кажав…„Мајко Фифти Сент банкротираше“. Тишината беше мачна. Траеше неколку секунди, а за мене беше  како цела вечност…а тогаш ја слушнав мајка ми како липта и ме прашува Синко, кажи ми дека лажеш?!?!…кажав, Не лажам мајко, вистина е!…2 часа заедно плачевме. Мајка ми вика: Се сеќавам како денес да беше како го носи златниот синџир  од 9 килограми околу вратот!.. а јас ја гризам перницата, плачам, врескам, само мајка ми да не ме чуе и ја слушам како низ солзи зборува: Како сега да го гледам, капчето накосено, шорцевите на пола задник, поткошула….лелееееееее!!!!…па повторно солзи.  Ноќеска нема да можам око да затворам не сакам…не сакам и не можам. Мајка ми и јас се договоривме, таа ќе ти ја проследи целата следна пензија, а јас се одрекнува од месечните примања од биро. Тоа се заедно ќе биде околу 300 евра. Знам дека тоа не ти е доволно ниту да вградиш златен заб, двојка горе десно, но е од нас…од срце! Одам сега…немам повеќе сила.

Вистина.мк1fifi.jpg500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1