Пред помалку од половина час на патот од Свети Наум кон Охрид се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрадаа младоженец и невеста, информира Вечер.

фото: Вечер
Младоженците се враќале од свадбената веселба кога младоженецот изгубил контрола над возилото. Тој е тешко повреден, а невестата, која е бремена, поминала со полесни повреди.









