ПИВОФЕСТ: Повреден пејачот на „Прљаво Казалиште“


Покрај убавите работи кои што се случуваат деновиве во Прилеп на „Пивофест”, вчеравечер се случи еден мал инцидент во кој беше повреден пејачот на познатата рок група Прљаво Казалиште.Screenshot_154

Имено, по излегување на сцената пејачот сакајќи да биде поблиску до публиката, а невнимавајќи на сцената одеднаш падна од неа на што реагираше обезбедувањето кои му помогнаа на пејачот да стане и да го продолжи концертот. Како и секој професионалец, така и тој, го продолжи настапот како ништо да не се случило и се упати кон публиката пеејќи ги своите големи хитови, пренесува Музика24.

Но имајќи ги впредвид годините и падот кој се случи, од страна на организаторот беше повикана Брзата помош кои секогаш навремено ја завршуваат својата задача. Тие во бекстејџот го прегледаа пејачот, а потоа и му ја преврзаа левата рака со што по кратка пауза додека свиреше групата, тој повторно се врати на сцената и го продолжи својот концерт.

Ова е доказ дека ѕвездите секогаш остануваат ѕвезди што и да се случи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1