Тревога во Белград и во Берлин: германски агент најден мртов во Србија


Телото на Германецот во Борча, предградие на Белград, го откриле соседите и сопствениците на станот во кој престојувал, бидејќи им било сомнително тоа што неколку дена не го виделе.

Од станот во кој живеел од почетокот на мај, кога се доселил, почнала да се шири непријатна миризба. Тие помислиле дека нешто му се случило – трупот бил најден во поодмината фаза на распаѓање.srpska-policija

Бидејќи станувало збор за природна смрт, односно најверојатно за срцев удар, полицијата не извршила увид, а телото било пренесено на обдукција.

Полицијата открила папки со фотографии, документи и детални описи на сите терористички напади кои во последните 15 години се случиле во светот.

Откриено е и дека Германецот ги истражувал движењето на руските подморници и терористичката организација Исламска држава. Во станот биле најдени неколку лаптопти, таблети, повеќе од 15 кредитни картички, од кои пет активни, и повеќе германски и српски пасоши со различни имиња, како и стотина СИМ картички.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1