Нов вид бактерија се шири во богатите земји – го разложува човечкото ткиво со голема брзина се шири


Новооткриен вид на бактерија е причината за се побројните инфекции во Велика Британија, Канада, Јапонија, Франција и Шведска.virus labaratorija

Бактериите од типот стрептококи обично предизвикуваат мали здравствени тегоби како воспаление на грлото и благи кожни инфекции, што претставуваат здравствени проблеми кои лесно се лечат со антибиотици. Во нешто потешките случаи бактеријата навлегува длабоко во организмот, предизвикувајќи воспаление на белите дробови, инфекции на крвта и некротизирачки фасциитис, заболување кое го карактеризира разложување на човечкото ткиво и кое не го преживуваат 25 проценти од забелените лица.

Научниците неодамна открија нов подвид на бактеријата од групата стрептококи која предизвикува некротизирачки фасциитис. Именувана е како емм89, овој вид на организам причина е на се поголемиот пораст на инфекциите во последно време. Таа произведува повеќе токсини и не поседува надворешна капсула поради што многу побргу се шири и ја прави уште поинвазивна во човечкото тело.

Научниците наведуваат дека за среќа бактеријата емм89 се уште е чувствителна на пеницилин и нему сличните антибиотици. Тие се надеваат дека благодарејќи на дополнителните истражувања ќе успеат да развијат подобри третмани за сузбивање на оваа бактерија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1