На џихадистичката пропаганда која се шири во Балканот, потпадна и 18-годишна девојка од Куманово.
Како што пренесуваат албанските медиуми З.К (18), била примерна девојка, а на борците на ИСИЛ во Ирак им се приклучила пред неколку месеци.
Нејзините родители за неа велат дека била примерна ученичка и дека не очекувале таа да направи такво нешто.
-Таа беше примерна ученичка, велат нејзините родители.
Нејзиниот татко, А.К познат бизнисмен во Куманово вели дека несватливо е како неговата ќерка потпаднала на таквите пропаганди.
-Се уште неможам да поверувам. Речиси секој ден ја чекам да чукне на врата и да побара извинување за она што го направи. Тој вели дека е подготвен се да направи за да си ја врати ќерката дома.
Според првичните информации што семејството ги имало од полицијата З.К се наоѓала во Ирак.