И ја отсекле главата под обвинение дека „вештерка“


Една Индијка е убиена, со отсекување на главата, откако била обвинета дека е „вештерка“ и дека таа е „виновна“ за појавата на болеста во селото Сонитпур, во сојузната индиска држава Асам.

Во соопштението на локалната полиција се вели дека 63-годишната Пурни Оранг прво била прогласена дека е одговорна за заболувањата меѓу луѓето во оваа племенска населба, а потоа изведена на судење, осудена смрт и брутално ликвидирана.indija222

Полицијата соопшти дека седум лица, меѓу кои и две жени се уапсени и осомничени во врска со убиството на Оранг.

Според податоците со кои располагаат властите во Асам, во изминатите шест години, околу 90 лица, во најголем број жени, се казнети и убиени со отсекување на главите, или се живи запалени.

Најчестото обвинување за сите жртви е „вештерството“.

Станува збор за селски средини и за племенски заедници на луѓе кои во најголемиот број работат на бројните плантажи со чај во оваа индиска држава.

Несреќната Оранг се нашла во селото Сонитпур во времето кога ова место било зафатено со болест, од која заболеле повеќемина селани. Племенските и селските старешини, веднаш ја обвиниле жената дека е „вештерка„ која им нанесува зло на селаните, па ја казниле со отсекување на главата.

Во октомври минатата година, една индиска спортистка беше брутално претепана, откако во провинцијата Асам беше обвинета за „вештерство“.

Властите признаваат дека суеверието и религиозните заблуди се длабоко вкорнети меѓу населението во руралните средини, но често се случува како „вештерки“ да бидат обвинети вдовици и да бидат брутално убиени, за да им се одземе имотот и земјиштето што го поседувале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1