Откако најде мртво момче во базенот – Деми Мур ја продава куќата на Беверли Хилс


Американската актерка Деми Мур сé уште е во шок откако во базенот на нејзината куќа на Беверли Хилс беше пронајдено безживотното тело на 21-годишно момче, и не сака повеќе да живее во неа, пишуваат американските медиуми.demi mur

„Не сакам веќе ниту да стапнам во таа куќа“, изјавила 51-годишната актерка за медиумите. Пред десетина дена, кога се случи несреќата на забава која ја приредил нејзиниот агент, Деми Мур со децата била на пат во странство.

Еден од поблиските пријатели на актерката рекол дека Деми смета оти таа куќа „има лоша карма“, и дека има намера да ја продаде.

Поранешната сопруга на актерот Бруси Вилис, ја купи вилата во 2003 година за осум милиони долари, набрзо по венчавката со Ештон Качер од кој се разведе пред три години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1