Големото невреме кое попладнево го зафати Штип и Пелагонија не го избегна ниту Тетово. Низ социјалните мрежи кружат фотографии од паднати дрвја и поплавени неколку згради, објави ТВ Орбис.
Реката Пена се излеа кај компанијата „Еколог“ во Тетово, поплавувајќи го булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во двете насоки: и кон Тетекс и кон градот Тетово. Мостот на Пена е под вода, а сообраќајот по улиците отежнато се одвива.
Според информациите поплавени се три згради од блок 70.