Со огромна брзина од 130 км на час со голфот влетал во бензиската и се забил во еден од столбовите за точење гориво велат очевидци за несреќата во Автокоманда.
Во сообраќајката се повредени патниците во возилото, и за среќа нема повредени лица кои биле на бензиската. Од силината на ударот возилото било целосно смачкано и противпожарно возило кое пристигнало на местото помогнало да се сече каросеријата како би се извлекле повредените.
Татко и син се повредени во сообраќајната несреќа која вчера се случи на бензинската Макпетрол во Автокоманда.
24-годишниот А.П управувајќи со автомобил „Голф“ изгубил контрола по што влетал и се забил во бензинската.
Возачот и неговиот татко, 52-годишниот М.П кој бил сопатник, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентен центар.