Татко и син повредени – Со 130 км на час се забил во бензиската на Макпетрол


Со огромна брзина од 130 км на час со голфот влетал во бензиската и се забил во еден од столбовите за точење гориво велат очевидци за несреќата во Автокоманда.

Во сообраќајката се повредени патниците во возилото, и за среќа нема повредени лица кои биле на бензиската. Од силината на ударот возилото било целосно смачкано и противпожарно возило кое пристигнало на местото помогнало да се сече каросеријата како би се извлекле повредените.benziska soobrakjajka2

Татко и син се повредени во сообраќајната несреќа која вчера се случи на бензинската Макпетрол во Автокоманда.

 

24-годишниот А.П управувајќи со автомобил „Голф“ изгубил контрола по што влетал и се забил во бензинската.

Возачот и неговиот татко, 52-годишниот М.П  кој бил сопатник, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентен центар.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1