Секој петти Грк носи облека Made in Macedonia – сакале или не ни го носат името на етикета


Дури 20% од облеката произведена во странство што ја носат Грците е Made in Macedonia.

Според истражувањето на Бизнис асоцијацијата на текстилни производители, на крајот од  2012та само 23% од производството е домашно, односно грчко,а останатите 77% доаѓаат однадвор. Конкретно Македонија е на второто место веднаш зад Бугарија. Статистичките податоци покажуваат дека 1/5 од грчката облека што се произведува во странство доаѓа од Македонија.
made in macedonia

На листата најголеми странски произведувачи, Бугарија е прва со 57%, Македонија со 20%, Албанија со 10%, Турција 7% и Романија 4%.

Јавна тајна е во Грција дека доста често се случува купеното парче облека, на внатрешната етикета да има натпис Made in Macedonia. И во минатото и сега грчките блогери обвинуваа дека познатите модни брендови во Грција, ја признаваат соседната земја под уставното име.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1