Пет жени, обвинети за вештерство, беа претепани до смрт


Пет жени во Индија, обвинети во вештерство, беа претепани до смрт од хневна толпа соселани, кои користеа стапови и железни прачки, објавија Асошиејтед прес.magija-sueverija-vistina

Посочените жени за вештерки биле извадени од нивните домови во селцето Кинџија во северната држава Џарканд. Напаѓачите ги обвиниле жените дека практикувале вештерски ритуали од кои страда цело село.

Во заедницата се појавиле болести и едно бебе умрело од непознати причини во почетокот на неделата. Полицијата уапси околу дваесетина од учесниците во тепањето.

Во Индија во периодот 2000-2012 година,биле линчувани најмалку 2 100 лица, повеќето од нив жени, по обвинение во вештерство, потсетуваат агенциите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1