Македонците уште во 18 век знаеле кои се и што се. ДОКУМЕНТИ ОД УКРАИНСКИОТ ДРЖАВЕН АРХИВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛК ФОРМИРАН ВО 1759 год. ВО УКРАИНА.
Читател на MKnews ни испрати интересна фотографија и информација која се однесува на нашата историја. Имено по неуспешното Карпошово востание кое било крваво задушено од Турците, за да не им бидат убиени семејствата, голем број Македонци од Североисточна Македонија се преселиле прво во Војводина, а од таму во Украина која тогаш била дел од царска Русија.
Веднаш по доаѓањето во Украина, Македонците сакале да ја продолжат борбата против Турците, и стапиле во редовите на руската војска. Од нив бил создаден познатиот Македонски полк , кој подоцна војувал во многу војни кои ги водела руската царска армија.
Македонците во руската војска станале познати по својата храброст и борбеност, и биле праќани во првите борбени редови заедно со најхрабрите руски воини – Козаците.
Сите припадници на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛК по националност се изјасниле како Македонци, припадници на македонската нација, а доказ е овој документ од државниот архив на Украина.
До името на секој член на Македонскиот полк е запишано дека е припадник на македонската нација.
Андреј.К