Маја Вукиќевиќ е победничка на овогодинешниот фестивал „Охрид фест“ познат уште и како „Охридски трубадури“.
Маја вчера настапи на поп вечерта во придружба на двајца тенори и еден баритон познати под името „Gentlemen“, кои блеснаа на сцената на Долни сарај со композицијата „Сонувач“, авторско дело на поетесата Ксенија Николова и маестро Љупчо Николовски, при што ја освоија првата награда од стручното жири.
Маја Вукичевиќ беше облечена во креација на Мила Кадриу и стајлингот на Даниел Николовски.
Фестивалот продолжува и вечерва со Интернационалната вечер.