Маја Вукичевиќ победи на „Охрид фест“


Маја Вукиќевиќ е победничка на овогодинешниот фестивал „Охрид фест“ познат уште и како „Охридски трубадури“.maja vukicevic

Маја вчера настапи на поп вечерта во придружба на двајца тенори и еден баритон познати под името „Gentlemen“, кои блеснаа на сцената на Долни сарај со композицијата „Сонувач“, авторско дело на поетесата Ксенија Николова и маестро Љупчо Николовски, при што ја освоија првата награда од стручното жири.

Маја Вукичевиќ беше облечена во креација на Мила Кадриу и стајлингот на Даниел Николовски.

Фестивалот продолжува и вечерва со Интернационалната вечер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1