ХОРОР ВИДЕО: Новинар и снимател застрелани за време на интервју во живо – ги убил колега


Двајца телевизиски работници беа застрелани во американската сојузна држава Вирџинија, додека во живо правеле интервју, јави телевизијата за која работеле WDBJ7.

На сајтот на медиумот за кој работеле новинарите, се појаснува дека нападот се случил во 6:45 часот изутрината по локално време.NOVINARSNIMATELLL

Жртвите се репортерката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27). Двајцата биле застрелани додека правеле интервју во трговскиот центар Бриџвотер плаза во градот Монета во округот Бедфорд.

Додека тие ја вршеле својата работа се слушнале истрели. Камерата го снимила тој момент. На снимката се слушаат врисоците на новинарите и се гледа како тие се наведуваат, за да се скријат, а потоа камера паѓа на земја и снимени се нозете на напаѓачот.

Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија Тери Маколиф изјави дека осомничениот убиец на двајцата новинари од локалната телевизија, кои беа застрелани при директен пренос, бил идентификуван.

Тој најверојатно е поранешен вработен во телевизијата и полицијата трага по него. Осомничениот избегал со автомобил од местото на настанот.

Убиството буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарите. Додека репортерката интервјуирала посетителка на молот, одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја. Таа продолжила да работи и ги снимила нозете на напаѓачот, како и последните врисоци на новинарите.

Противречни се информациите за интервјуираната жена. Според некои медиуми таа останала неповредена, а според други била ранета.

Кусо по убиството еден од водителите во телевизијата, Крис Харст напиша на Твитер дека убиената Алисон и тој планирале наскоро да се венчаат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1