Човек после 12 години се разбудил од кома: Бев свесен за сè


Мартин Писториус имал нормално детство во текот на растењето во Јужна Африка во 70-тите години. Неговите родители, Џоан и Родни, објаснуваат како Мартин инсистирал дека еден ден ќе стане „електричен“ човек, бил фасциниран од било кој вид на електричен уред кој ќе го видел.

Но, сè се променило кога Мартин имал 12 години. Кога еден ден дошол дома од училиште, им рекол на родителите дека не се чувствува добро. Тоа не било некој обичен грип, а неговите родители почнале да го гледаат како спие со часови во текот на денот, речиси како што прават бебињата. Што е најлошо, тој не можел да јаде и одбивал храна.martin23

Мартин бил тестиран на сè, вклучувајќи го и Паркинс, но сите резултати биле негативни. Како што поминувале месеците, родителите на Мартин гледале како тој се гаси. Прво ја изгубил можноста да се движи, потоа да остварува контакт со очите и на крајот да зборува.

„Неговата состојба прогресивно се влошуваше во втората година од неговата болест. Ќе спиеше сè додека не го разбудевме. Цело време лежеше во положба на фетус“, раскажува неговиот татко.

Конечно, еден тест бил позитивен. Тоа било криптококен менингитис, болест поради која лекарите рекле дека нема надеж за Мартин. Тие рекле дека тој е во вегетативна состојба без интелегенција и предложиле да го одведат дома – да му даваат љубов до смртта.

Но, Мартин издржал многу подолго отколку што прогнозирале лекарите. Годините поминувале, а неговите родители продолжувале да се грижат за него. Го облекувале, го хранеле, го капеле и ја извршувале целата нега која му била потребна.

„Алармот беше наместен на секои два часа за да го разбудиме и да му ја промениме положбата, за да не добие рани од лежење“. вели неговата мајка Џоан.

Тоа траело цели десет години, што на неговите родители им одзело буквално сè. Џоан во еден момент изјавила дека му рекла дека се надева дека ќе умре, за да се заврши агонијата на полужив човек.

„Знам дека е тоа ужасно, но едноставно на сите ни беше потребно олеснување…Во мојата глава тој веќе беше мртов“, вели неговата мајка.03-menignitis-martin-r2-1

Во моментот кога Мартин бил во неговите средни дваесетти години, нешто полека почнало да се менува. Мартин сега бил во состојба да притисне нечива рака, што е неверојатен напредок во неговата историја на болеста. Тој станал толку подобро, што успевал да седи во инвалидска количка. Сепак, лекарите инсистирале дека Мартин има мозок на тригодишник, но една сестра по име Верна била убедена дека во него има нешто многу повеќе.

Таа успеала да ги убеди родителите да побараат мислење од друг лекар. На тестот на кој морал да препознае неколку објекти така што ќе погледне во нив, тој поминал.

„Тогаш ја напуштив мојата работа“, вели Џоан. Таа наредната година се посветила на тоа да го научи Мартин како да го користи специјалниот џојстик за компјутер. Кога успеала, сè се променило затоа што тој успевал да селектира зборови со него.

„Гладен сум. Ладно ми е. Сакам тост“, биле неговите први констатации.

После тоа, почнале да му се враќаат и други функции. Осум од дванаесет години тој бил невидлив. Од надворешната страна тој бил во вегетативна состојба, но длабоко во него бил свесен за сè.

„Бев тука, не од самиот почеток, но после две години нега од мојата вегетативна состојба станав свесен“, вели Мартин.

Во текот на процесот, тој ги сфатил своите неможности.

„Почнав со раката во желба да ја помрднам. Целиот мој фокус беше на тоа. Сите се навикнаа на мене, што не можеа да забележам дека сум тука, присутен. Реалноста ме погоди кога сфатив дека целиот живот ќе останам целосно сам. Мојата самодоверба целосно падна, дури и самиот себе си велев дека сум патетичен и дека никогаш нема да се извлечам од тоа.

Неверојатно болно беше тоа кога ја слушнав мојата мајка како вели дека се надева дека ќе умрам, но брзо сфатив зошто таа беше толку очајна. Таа можеше да види само брутална пародија која му се случува на нејзиното дете“.

Додека напредувал низ разни нивоа, тој успеал да најде работа, се занимавал со веб дизајн, добил диплома од ИТ и се оженил со прекрасна жена.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1