Мигрантите блокираа улици во Италија – лоши им биле условите и сместувањето (Видео)


Стотици имигранти се судрија со полицијата во италијанскиот град Милано откако блокираа една главна сообраќајница, во знак на протест поради лошите услови за живот во центарот за бегалци на Црвениот крст и неможноста да добијат дозвола за работа.migranti-500

Околу 300 демонстранти се пробиле до авенијата што го поврзува Милано до Сесто Сан Џовани и накратко го блокирале сообраќајот, држејќи парчиња картон со натписи: „Уморни сме, дајте ни документи“ и извикувајќи „Документи, документи“.

Мигрантите, главно од Африка, се принудени да живеат во шатори за до осум лица во центарот за бегалци, кој е поплавен по поројните дождови минатата недела, објави локалниот весник Кориере дела сера.

На местото на протестот во Милано пристигнале полициски специјалци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1