Насилникот кој уби двајца колеги се обидел да се самоубие


Осомничениот за убиството на двајцата новинари во американската сојузна држава Вирџинија за време на полициската потера се обидел да изврши самоубиство.

Полицијата во Вирџинија соопшти дека за време на потерата осомничениот, кој е идентификуван како Вестер Флананган (41) доживеал сообраќајна несреќа, откако со автомобилот излетал од патот и оти е пронајден со прострелна рана.NOVINARSNIMATELLL

Неговиот живот е во опасност и тој е хоспитализиран, нагласи полицијата.

Трагедијата се случила рано изутрината по локално време, во трговскиот центар во местото Бедфорд, кога се слушнале пукотници од огнено оружје по што новинарите и нивните соговорници се обиделе да се скријат.

Телевизијата Даблју-Ди-Би-Џеј Севн (WDBJ7) јави дека е убиена новинарката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27), а дека интервјуираната извршна директорка на стопанската комора на областа „Смит Маунтин Лејк“ Вики Гарднер е погодена во пределот на грбот и е хоспитализирана.

Убиството буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарите. Додека репортерката ја интервјуирала Гарднер одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја. Таа продолжила да работи и ги снимила нозете на напаѓачот, како и последните врисоци на новинарите.

Претходно денеска гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија Тери Маколиф изјави дека осомничениот убиец на двајцата новинари од локалната телевизија, кои беа застрелани при директен пренос, бил идентификуван.

Тој истакна дека не станува збор за терористички напад, туку за кривично дело.

Фланаган, кој исто така работел во телевизијата како репортер една година користејќи го псведонимот Брис Вилијамс, претходно е отпуштен иако причините се уште не се познати.

Во текот на денот Флананган на својот налог на Твитер под својот псевдоним ги објавил снимките на кои се гледа како на настраданите им приоѓа од зад грб и го насочува пиштолот кон нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1