Што планирале? Пронајдени 400 килограми ураниум во центарот на Загреб


Речиси 400 килограми ураниум, кој не е заведен во официјалната задолжителна евиденција на нуклеарен материјал е пронајден во центарот на Загреб.

Истиот се чувал без посебни безбедносни мерки за заштита од зрачење и кражба во самиот центар на Загреб, во складиште за нуклеарен отпад на Институтот Руѓер Бошковиќuranium

Како што пишува „Вечерњи лист“, за тој нуклеарен материјал до пред неколку недели воопшто не се знаело, а истиот бил откриен при санација на тој простор.

Веста за пронаоѓање на нуклеарен материјал, потенцијално е многу опасно за здравјето на луѓето и околината, а може и да се злоупотреби за криминални цели.

Материјалот не бил евидентиран на ниедно место, не постои службена информација кога и од каде е донесен и за што се користи.

Државниот завод за радиолошка и нуклеарна безбедност за ураниум ја информирал владата, а во истрагата од каде и кога завршил материјалот во Институтот се вклучиле и тајните служби, наведува загрепскиот дневен весник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1