Пониски трошоците во градежништвото за изградба на куќи


За 1,3 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.stan pari kukja

Во второто тримесечје од годинава, во однос на првото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,4 проценти, трошоците за материјали се пониски за 1,5 проценти, а повисоки се трошоците  за вработените за 5,9 проценти.

Според Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава во споредба со второто тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,3 проценти, трошоците за материјали се пониски за 3,1 процент, а трошоците за вработените се повисоки за 4 проценти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1