Каде наврна најмногу дожд – Еве ја состојбата во Македонија


Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Претор. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Претор е наврнат воден талог од 62 литри на метар кубен, следува крушево со 45, Маврови Анови со 39, Битола со 38, Пожаране со 37, Гевгелија и Тополчани со 34, Охрид 33, Прилеп 29, Лазарополе 28, Тетово 27, Ѓуриште 22, Куманово 20, Дебар 17, Штип 15, Дојран 14, Скопје и Кавадарци 12, Демир Капија, Крива Паланка и Струмица седум, Берово 6 и Виница 5 литри на метар квадратен.ulica dozd 3 mk

Во текот на денот ќе има повремени врнежи, кои ќе бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а од утре ќе бидат со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани и кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1