Сообраќајка на автопатот Велес-Скопје – повредени 2 македонци и 2 мигранти


Во сообраќајката што утрово се случи пред наплатната рампа Отовица на автопатот Велес-Скопје повредени се 4 лица, од кои две лица се македонски државјани, а  двајца се мигранти од Ирак. Според информациите од Брза помош од Велес сите се вон животна опасност.

Фото - Сител

Фото – Сител

Според информацијата од д-р Кирил Лазов од Брзата помош од Велес, во едно од возилата имало повредено 37-годишна жена од село Добрејци, Струмичко. Тоа е вон животна опасност со повреди на вратот и болки во градите, сопатничката со неа 24-годишна пациентка од истото село е со повреди во грбот. И двете се пренесени на лекување во велешката Општа болница.

Во такси возилото имало повредени двајца мигранти од Ирак. Едниот имал исчашување на рачен зглоб со оток, а вториот повреден во слабинскиот дел на рбетот.
Д-р Лазов со екипата на Брза помош им укажал прва помош, но едниот од нив не сакал да биде пренесен на натамошно лекување во Велешката болница.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1