Познатиот српски актер Велимир Бата Живојиновиќ е приклучен на апарати, 78 годишниот актер пред два месеци доживеа хеморагичен удар, беше пуштен на домашно лекување, но состојбата му се влошила и итно бил приефрлен на клиниката Воено-медицинската академија -ВМА.
Лекарите се борат за неговиот живот.
Веднаш откако бил примен констатирано е дека е во лоша здраствена состојба и веднаш е приклучен на апарати за дишење.
Лекарите несакаат да коментираат за неговата состојба, велат ќе направат се што можат Бата да ја помине и оваа здраствена криза.