Британката се повредила во близина на Бедфордшир, откако ја загубила контролата на автомобилот, кој завршил на покривот. Принцот Вилијам (33) и пружил итна помош на самото место.
Војводата од Кембриџ почна да работи како пилот на хеликоптер на итна помош во јули.
Освен што управува со хеликоптер, принцот дава и прва помош на повредените. Повредената девојка се опоравува во болница.