Синот на возачот кој загина во атентатот на Киро Глигоров живее во беда – сите му затворија врати


Зоран Спировски има 43 години и е син на возачот Миле Спировски кој загина во атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Оттогаш му се сменил животот, вели дека имало потпишано решение и тој како и другите двајца браќа да добие државен стан, но одлуката некој ја сменил во ноември 95-та.Со себе има само една фотографија, заедничка на неговиот татко Миле и мајката. Со мајката по атентатот живеел во барака во близина на полската амбасада се до вториот трагичен семеен удар. Во јуни 2007-ма починала неговата мајка. Првин го испрашувале полицајци за односите со мајка м, а потоа не му било овозможено да се врати во бараката, иако смета дека била легално купена од неговото семејство.

sofer sin

Зоран 20 години тагува по таткото, во меѓувреме ја изгубил и мајка му, но и егзистенцијата. Заборавен од државата па дури и браќата, живее од помошта на другарите. Ја изгубил семејната куќа, но и станот кој му го дала државата. Дури и кабинетот на Киро Глигоров ги затворил вратите за него, тврди Зоран.,Побарал да се види и со Глигоров додека бил жив, но средба не се случила. Сега бара средба со премиерот Никола Груевски.

Се обидува со собирање на пластични шишиња да заработи за живот, но вели конкуренцијата е голема и едвај се крпи една бала пластика за двесте денари. Живее во подрумска просторија каде се чувствува влага, а 2 и пол илјади денари му се потребни за кирија. Нема од никаде, а се храни по црковни народни кујни, пренесe детали од животот на синот на шоферот кој загина при атентатот на Глигоров, пред некое време Канал5. Потсетуваме на оваа сторија

Спиел во паркови, а за неговата судбина слушнал и премиерот Груевски на кого Зоран му е благодарен што му помогнал да најде работа по договор во министерството за образование. По истечените две години, Спировски повторно мора сам да се снаоѓа. Зависи од помош од црквите и пријателите, како и од собраната пластика. Вели тешко е на негова возраст да се најде работа, а побарал и социјална помош.

Кога го посетивме Зоран, тој правеше планови како да најде пари за киријата која ја доцнеше. Очекува помош и од граѓаните иако до 3-ти октомври 95-та не ни очекувал дека утринската ами бомба и атентатот засекогаш ќе му го одреди животниот пат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1