Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во текот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, освен во вторник кога ќе биде стабилно и суво.
Утре максималната температура во земјава ќе се движи од 18 до 24 степени. Во Скопје максимум до 24 степени.