Доналд Трамп: Париските жртви требало да бидат вооружени


Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека жртвите во париските терористички напади требало да бидат вооружени, бидејќи тоа било единствениот начин да се заштитат од напаѓачите.

– Погледнете ја Франција, погледнете го Париз. Имаат еден од најстрогите закони во светот за поседување оружје. Ниту една од жртвите не била вооружена, а ги убивале еден по еден, истакна Трамп.donald tramp

Републиканскиот претседателски кандидат нагласи дека напаѓачите убивале невини луѓе се додека специјалните полициски сили не пристигнале и не ги ликвидирале терористите.

– Можете да кажете што сакате, но да имале оружје ситуацијата би била сосема поинаква, истакна Трамп.

Една од основите на претседателската кампања на Трамп е токму заложувањето за носење оружје, бидејќи смета дека со тоа им се овозможува на луѓето да се одбранат од потенцијални напаѓачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1