Мајка си го фрли 6 годишниот син од 4-ти кат, па скокна од тераса. Трагична семејна драма се случуваше утринава во скопски Хиподром. 37 годишната жена околу 9 часот излегла на тераса со детето во рацете и почнала да се заканува. Сопругот со уште неколку лица кои биле пред зградата се обидувале да ја отргнат од намерата. Соседот Златко Ордевски сакал да помогне и да го фати детето. Видно вознемирен од немилиот настан пред камерата на Сител го раскажа грозоморниот чин.
-Имаше сомнежи дека ќе го фрли детето. На 4 спрат излезе госпоѓата го повика сопругот, тој рече дека е тука,имале некоја семејна расправија не знаеме што се случило и одеднаш го фати детето за мишките го седна на ступчето и го турна надолу, вели за Сител соседот Златко Ордевски.
При падот 6 годишното дете удрило во шипка за алишта на третиот спрат и ја повредило главата, но тоа ја успорило брзината на паѓање, пренесува Здравство 24
-Ние го фативме детето пред да удри на земја, сигурен сум дека не удри на земја, детето дишеше, го земав во раце и го однесеов во Брзата помош, додаде Златко Ордески.
Детето веднаш било префрлено во Ургентниот Центар. Во возилото се качил и таткото. Драмата пред зградата на улицата Пехчевска продолжила . Мајката се заканувала дека ќе се самоубие со скокање од балконот. Во меѓувреме полицијата и пожарникарите подготвувале балон . Во 10.20 минути жената се фрлила, но од другата страна на терасата и паднала на бетонот.
-Пред мои очи жената се фрли, ние седевме како очевидци, изјави очевидец на настанот.
Веднаш е пренесена на Ургентен.
-Службата за Итна медицинска помош интервенираше со две возила, изјави д-р Анита Димовска, раководител на скопската Брза помош.
И мајката и синот се хоспитализирани на КАРИЛ. Од таму информираат дека жената е на апарати и е во критична состојба со сериозни повреди на главата, градниот кош и екстремитетите, а детето е во тешка состојба.
Полицијата истражува зошто мајката се одлучила да го фрли детето.
-Увидот е во тек. Инспекторите ги анкетираат соседите за да се утврдат причините за настанот вели Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје
Се проверува и дали претходно има пријава за насилство.
Соседите велат дека досега не слушнале кавги и расправии , а семејството било културно и мирно.
Video – Kanal5.mk