Турските власти запленија речиси 11 милијарди пилули од синтетичката дрога Каптагон за која се верува дека се користи многу од борците во граѓанската војна во Сирија, јави Анадолија.
Товарот, тежок речиси два тона, го конфискувала полицијата во две одвоени акции во регионот Хатај на границата со Сирија во текот на оваа недела.
Каптагон, синтетички стимулант на база на фенетилин е исклучително популарна дрога на Блискиот исток, а се произведува во Сирија.