Предлог-закон за исклучените од парно повеќе да не плаќаат


Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, денеска до Собранието на Република Македонија достави Предлог за промена на Законот за енергетика, со кој се предвидува граѓаните кои не користат топлинска енергија за затоплување на становите, да не плаќаат надоместок.parno

По одржаната средба со претставници од граѓанското здружение „НО ПАСАРАН“ и усогласување на текстот на промените на Законот за енергетика, Законот е доставен во собраниска процедура по скратена постапка.

Текстот на промените гласи: „ Домаќинствата кои немаат склучено договор од член 118 на овој закон или не биле корисници на топлинска енергија или престанале да бидат корисници на топлинска енергија, не плаќаат надоместок.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1