Шалтерските работници мора да бидат љубезни, комуникативни и услужливи инаку ризикуваат граѓаните да притиснат црвено копче на уредот за оценување и со тоа на први да добијат помала плата.
Ова е втор обид за оценување на шалтерските работници преку таканаречен семафор. Минатата година се поставија неколку семафори низ државните институции, но од Министерството за информатичко општество и администрација објаснија дека семафорите биле расипани, па затоа сега ставаат пак. До сега ресорното министерство планира да постави 110 вакви семафори.
Вакви семафори ќе се стават во :
-Агенција за вработување на Република Македонија –АВРМ Скопје;
– Фонд за здравствено осигурување – ФЗО Битола и Штип;
– Агенција за катастар на недвижности – АКН Битола,Охрид и Штип;
– Министерство за транспорт и врски – Сектор за патен сообраќај;
– Централен регистар на Македонија – ЦРМ Скопје;
– Клиничка болница – Битола “Д-р Трифун Пановски”.