Барајте си К-15 – задолжителен е за приватните фирми – имаат уште еден месец да го исплатат


Регресот за годишен одмор работодавачот треба да им го исплати на сите кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или казна затвор.
Регресот за годишен одмор, попознат како К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанството. Фирмите кои не го исплатиле треба да побрзаат и тоа да го сторат најдоцна до крајот на овој месец, ако не сакаат да се соочат со парични, па и затворски казни, пропишани со нашата законска регулатива.broenje denari pari mk
По измената на Општиот колективен договор за стопанството направена кон средината на годинава и нејасното толкување на нејзиното значење од синдикатите и работодавците кои ја договорија, остана дилемата дали сите приватни фирми мораат да го исплатат регресот, но правниците се категорични дека обврската важи и за годинава.
Притоа, како минимален задолжителен износ на К-15 се утврдени 40 проценти од просечната месечна нето-плата по работник во државата исплатена во последните три месеци. Така пресметана таа сума лани се движеше околу 8.600 денари.
За да ја добие, работникот требаше да работи кај истиот работодавач најмалку шест месеци во календарската година. По реакциите на некои фирми дека немаат финансиска моќ да го исплатуваат регресот, Организацијата на работодавачи и претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија на 14 јули годинава договорија измени на Колективниот договр во делот за К-15, со што ги задржаа истите правила за исплата
Висината на К 15 може да ја намалат работодавачи кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско-финансиска состојба, но тие за тоа задолжително треба да се консултираат и да потпишат спогодба со синдикатот. Дадено е и алтернативно решение за фирмите во кои нема формирано синдикат, а тоа е спогодбата да се потпишува со избран претставник од работниците.
Со нашите закони за фирмите кои нема да исплатат К-15 е предвидена вкупна казна од 4.000 евра, но со најновите измени на Законот за пректршоци таа се намалува за одреден процент во зависност од големината на фирмата. Со најновите предложени измени на Кривичниот законик, кои се уште не се донесени, предвидени се казни затвор до три години за работодавачите кои на работниците ќе им исплатат регрес, а потоа ќе си ги побараат парите назад.
Нема регрес за вработените во јавниот сектор
Вработените во јавниот сектор и годинава ќе останат без К-15, зашто тој не е пропишан со нивниот Колективнен договор, кој е од 2010 година. Иако гранскиот синдикат во рамките на ССМ повеќе години прави обиди да се смени и овој колективен договор и во него и за работодавците од државниот сектор да се воведе обврската да им исплатуваат К-15 на работниците, резултати се уште нема.
Но, за буџетските корисници и единките корисници во нивен состав, како и за вработените во сите правни лица во кои државниот капитал учествува со минимум 49 отсто, регресот за годишен одмор е пропишан со Законот за исплата на платите. Според членот 9 на овој Закон работодавачот може да врши исплата на регрес за годишен одмор најмногу до 60 отсто од просечната месечна нето-плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата. Но, овој Закон само создава можност, но не и обврска за работодавачите од јавниот сектор да исплатат К-15.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1