Пронајден мртов маж во базен во Старо Нагоричане


Вчеравечер во 22.30 часот во кумановската полиција било пријавено дека во базенот на бањата Стрновац во Општина Старо Нагоричане е пронајдено починато лице.policija kapi

По овластување на јавен обвинител на местото на настанот се упатени полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата. При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство.

МВР го потврди идентитетот на починатиот маж во бањата Стрновац. Станува збор за 39 годишен жител од Куманово, чие тело е предадено на обдукција.

На местото на настанот увид извршиле увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Обвинителството телото е предадено за обдукција која ќе ги покаже причините за смртта на 39 годишниот маж од Куманово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1