Фенг Нинг, млад човек од Кина, кој се обиде да спаси жена која паѓала од 11 кат од зграда.
Нинг се обидел да ја фати жената со голи раце, без да размислува дека од силината на ударот може и самиот да настрада. Како што подоцна им рекол на новинарите, тоа го направил инстинктивно, без воопшто да се грижи за сопствениот живот. За разлика од него, други луѓе стоеја како стаписани на улицата и гледаа кон зградата.
Тој во краткото интервју за локална кинеска телевизија објаснил дека бил во соседниот ресторан кога некој дотрчал да каже дека жена виси на прозорец. Тој веднаш излегол надвор и видел дека жената нема да издржи и ќе падне.
Ги подал рацете, по што после само две секунди жената му паднала право во раце. Но, се покажало дека ниту тој не е моќен да и го спаси животот. Поради големата височина од каде паднала, жената удри со голема брзина врз момчето и тресна директно на асфалтот.
Жената во истиот миг го загуби живот, а младиот Нинг се здобил со скршеници на рацете, прстите и нозете.