„Повелете ганџа!!! Ајде марихуана овде!!!“- Во Уругвај дирекно ќе се продава марихуаната



Уругвај ќе биде првата земја во светот што дирекно ќе ја продава марихуаната. Имено, не само што ќе биде ова растение легализирано, туку и државата ќе се вклучи во трговијата со канабис.

Уругвајската влада истакна неколку причини за овој потег. Како прво се наведе медицинската употреба на марихуаната, а потоа и како би се одземал профитот од нарко-трговците.
Уругвајскиот претседател, Хозе Мухика, истакна дека овој потег нема да значи и легализација на други наркотични средства, како и дека се уште не е точно определено кога овој предлог ќе влезе во собранието на Уругвај, каде неговата партија е доминантна.
Сепак, Јужна Америка важи за континент кој има најголеми проблеми со нарко-криминалот, па така Мухика изјавил дека полицијата залудно се обидува да го спречи криумчарењето на наркотици, дека зависниците го пронаоѓаат патот до дрогата и дека трговијата со марихуаа би претставувала само превземање на контролата од страна на државата во овој бизнис.

Tags: , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1