Студенти тренирале за ЛОИ – а факултетот ги казнил 3000 евра по семестар



50 млади студенти од Холандија, факултетите ги казниле да платат по 3000 евра, за не појавување и не полагање во јунската испитна сесија.

Но, не се работи за несовесни студенти кој се журкале или пијанчеле за време на испитната сесија, тие всушност тренирале и народски кажано, фаќале норми  за летните олимписки игри во Лондон.
Факултетите се правдаат дека спортистите ги оштетиле, со тоа што не ги вршеле своите должности према нив. Спортистите од друга страна се чуствуваат изневерено од факултетие бидејќи морале да бираат помеѓу ЛОИ и јунската испитна сесија.
Во целиот проблем се вмешува и МОН на Холандија, кои изјавија дека имале специјален фонд за вакви случувања, но факултетите го искористиле за други намени.
Имено, во цената за студирање на факултетите во Холандија, влегува и една екстра година во која на студентите им е даден краен рок за полагање на испитите. Од тие пари е создаден фондот за вонредни  ситуации.
Факултетите се бранат дека тие пари не се доволни и дека МОН треба да издвојува поголема количина на финансии за вакви случаи. Ако спортитстите го изубат овој спор тие ќе треба да платат по 3000 евра секој, или вкупно 150.000 евра.

Се е за пари – на факултетот не му гајле што овие студенти ќе ја преставуваат државата на летните олимписки игри во Лондон или што можеби ќе се вратат со по некој медал. Важно им е само да си ги соберат парите.

Share Button

Tags: , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1