Снежната бура Џонас, или од медиумите наречена „Сноузила“, којашто го парализираше најголемиот дел од американскиот источен брег во саботата, го замре животот во главниот град Вашингтон и предизвика затворање на сообраќајниците, мостовите и тунелите во Њујорк и во неделата.
Најмалку 19 луѓе ги загубиле животите во неколку американски сојузни држава во снежните виулици, најголем дел во сообраќајни несреќи, а тројца починале во Њујорк чистејќи снег.
Со 68 сантиметри снег кој наврнал во Њујорк до полноќ по локално време, ова е второто најтешко снежно невреме во историјата на мегалополисот со 20 милиони жители. И во американската престолнина ова е второто најголемо снежно невреме во историјата со 60 сантиметри снег. Рекордот го држи 1922 година, кога во Вашингтон наврнал 71 сантиметар снег.
На брегот на Њу Џерси силните ветрови ја следеле снежната бура, предизвикувајќи плимен бран и поплави во неколку градови, поради што дел од населението е евакуирано.
Гувернерот Њујорк, Ендрју Куомо, прогласи вонредна состојба, како што сторија и гувернерите на уште десет сојузни држави на истокот од САД.
Сообраќајот на областа на Њујорк е сопрен од саботата попладнето за сите освен за возилата на полицијата, итната помош и пожарникарите. И поголемиот дел од надземната железница која го поврзува градот со околината е, исто така, сопрен. Театарот Бродвеј ги откажа саботните претстави, а откажани се и кошаркарските и хокеарските натпревари. Во телевизиските извештаи може да се види дека на њујоршките улици наместо реките автомобили можат да се видат скијачи и оти градот е претворен во снежно игралиште.
И во главниот град на САД запрен е јавниот градски транспорт, како поради снегот, така и поради ветровите што ја намалува видливоста. Покрај самата Бела куќа се измерени 40 сантиметри снег, а на вашингтонскиот меѓународен аеродром, Далес 90 сантиметри снег. Поради невремето, во Вашингтон не успеаја да се вратат ниту американскиот потпретседател Џозеф Бајден од посетата на Турција, ниту министерот за одбрана Ештон Картер од Давос, чии авиони беа пренасочени кон Флорида.
Во саботата на истокот на САД беа откажани дополнителни повеќе до 5.000 летови, а уште 3.300 се откажани за во неделата.
На подрачјето на државите Северна Каролина и Њу Џерси 240.000 луѓе останаа без електрична енергија.
Речиси метар снег е измерено во некои делови од државите Мериленд, Пенсилванија, Вирџинија и западна Вирџинија, во текот на неделата попладнето се очекува смирување на времето.