Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека пет нејзини државјани, кои во јули минатата година исчезнаа во Либан вечерва се најдени живи.
Чесите се во задоволителна здравствена состојба и моментално за нив се грижат либанските безбедносни сили.
Властите на Чешка работат на тоа тие да се префрлат дома и планираат по нив во Либан да пратат специјален авион.
Чешката влада претходно информираше дека тие се киднапиранил. Меѓу нив има адвокат, преведувач, двајца новинари и маж кој тврди дека работи за воена шпионска агенција.
Нивното возило беше најдено на 18 јули во близина на либанскиот воен контролен пункт во градот Кефраја.