Вчеравечер околу 21.00 часот во Скопје, на автобуската постојка кај комплекс „Треска“ Д.И. (19) од Скопје заедно со двајца другари слегле од автобус бр 19.
Од истиот автобус слегле и други четири непознати лица, кои без повод и причина на Д.И. му нанеле две убодни рани со остар предмет во градниот кош и во слабината. Д.И. е однесен во една приватна ординација од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди (пробиена белодробна марамица).
Истиот не е во животна опасност.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.